ВМРО-ДПМНЕ: Нераспределена добивка

Ќе ја разгледаме можноста да ги ослободиме фирмите од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка (рок 01.01.2009).

Образложение:

Владата на 05.05.2010 г. поднесе во Собранието Предлог-закон за изменување на Законот за данокот на добивка, затоа што…

„…со воведувањето на новиот систем на данокот на добивка, нераспределената добивка остварена во тековната година од страна на даночните обврзници е ослободена од плаќање на данокот на добивка се до моментот на нејзината распределба во вид на дивиденди и други распределби од истата. Меѓутоа, во случај на компании кои се капитално поврзани помеѓу себе при дистрибуцијата на дивидендите ќе дојде до повеќекратно оданочување. Со цел да се одбегне ваквото повеќекратно оданочување се предлага да износот на добивката што се распределува во вид на дивиденди помеѓу правни лица резиденти на Република Македонија да се изземе од оданочување.“

Измените се прифатени и стапиле во дејство на 29.06.2010 г.

Линкови:

Të gjitha komentet dhe vërejtjet në lidhje me këtë dhe artikujt e tjerë të Vërtetmatës-it, kërkesat për korrigjime dhe sqarime, si dhe sugjerimet për verifikimin e deklaratave të politikanëve dhe premtimeve të partive politike, mund t’i dorëzoni përmes këtij formulari