Договорот од Пржино – превод на македонски јазик

Фото: Мета
Фото: Мета
Фото: Мета.мк

 

Со цел на јавноста да овозможи директен увид во обврските преземени од политичките актери, Вистиномер објавува неофицијален превод на Договорот од Пржино изработен од Македонскиот центар за европско образование. Се работи за консолидирана верзија во која се влезени основниот договор од 2 јуни и дополнителните амандмани од 15 јули, изработена врз основ на документите објавени од Европската комисија.

 

02 јуни 2015

Спогодба

  1. Партиите се согласни да го стават интересот на државата на прво место и ја повторуваат нивната определба за истрајност во Евр0-Атланските процеси и за почитување на демократските принципи.
  2. Во интерес на сите граѓани и сите заедници во државата, партиите се согласија да преземат чекори за надминување на постојната криза. Партиите се обврзуваат да обезбедат инклузивност во спроведувањето на овој договор преку консултации и координација со главните политички партии во државата.
  3. Политичките партии се обврзуваат да ги почитуваат демократските принципи на политичка одговорност во справувањето со клучните предизвици со кои се соочува државата.
  4. Во време на големи државни предизвици, партиите се согласија дека мораат да дејствуваат во интерес на сите граѓани и да одговорат на сите критични и претходно незабележани предизвици со кои се соочува државата, а со цел да се консолидира економскиот и демократскиот развој, да се зајакнат меѓу-етничките односи, да се обезбеди целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, да се зајакнат добрососедските односи и меѓународната положба на државата, и на тој начин да ја донесат државата поблизу до целта на нејзиниот Евро-Атлански пат.
  5. Поради тоа, политичките партии се согласија да утврдат „преоден (транзиционен) период“ кој ќе започне веднаш со потпишувањето на оваа спогодба, а ќе заврши со слободни и фер избори, спроведени целосно во согласност со европските стандарди кон крајот на април 2016 година.
  6. Во текот на транзициониот период:

До 10 јуни, партиите ќе се согласат на точната организација на владата која ќе ги подгови изборите. Тогаш кога договорот од оваа точка ќе биде постигнат, опозицијата ќе ја исполни својата обврска согласно втората алинеја од точка 6 и ќе се врати во парламентот.

I. На 20 октомври 2015, нов Министер за внатрешни работи ќе биде именуван на предлог од СДСМ, а по спроведени консултации со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Министерот кој ќе биде именуван ќе ја врши функцијата како техничко лице (функционер).

II. На 20 октомври 2015, нов Министер за труд и социјална политика ќе биде именуван на предлог од СДСМ.

III. На 20 октомври 2015, нови, дополнителни заменици-министри ќе бидат именувани во следните министерства:

– Министерство за внатрешни работи, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ;

– Министерство за труд и социјална политика, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ;

– Министерство за финансии, на предлог на СДСМ;

– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, на предлог на СДСМ;

– Министерство за информатичко општество и јавна администрација, на предлог на СДСМ;

Овие заменици-министри ќе ги имаат сите права за контрола и вето на работата на своите министри во сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со изборите.

Сите претходно споменати нови министри и заменици-министри ќе останат на своите позиции во новата влада за која се зборува подолу.

IV. Актуелната влада формално ќе поднесе оставка до парламентот во соодветно време за да се овозможи новата влада да поднесе заклетва на 15 јануари 2015, односно 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април 2016. Новата влада ќе ја предводи Претседател предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а владината програма ќе се ограничи на организирањето на изборите.

V. Погоре наведеното правило дека актуелната влада ќе поднесе оставка на 100 пред следните избори по што ќе биде избрана нова влада, ќе биде применливо за изборите во април 2016, а по потребните законски измени, кога ќе биде можно истите да се спроведат, ќе биде правило за сите наредни избори.

  • На 1 септември 2015, СДСМ ќе се врати во Собранието и ќе претседава со Специјалната истражна комисија за скандалот со прислушувањето. Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите која, исто така, ќе започне со работа, со цел да ги истражи демократските недостатоци и пропусти во функционирањето на тајните служби (УБК). Почетниот извештај за наодите на овие комисии претставен во ноември 2015 година.
  • Објавувањето на дополнителни материјали од прислушувањето ќе запре. По враќањето на СДСМ во парламентот, сите материјали кои ги поседува СДСМ или било кој друг чинител ќе бидат предадени на јавниот обвинител за негово итно постапување.

Најдоцна до 15 септември 2015, ќе биде назначен нов, специјален јавен обвинител со целосна автономија да ја води истрагата во врска со случаите на следењето на комуникациите. Специјалниот јавен обвинител ќе биде именуван во согласност на сите политички партии кои го потпишуваат овој договор.

  • Во периодот помеѓу јуни и крајот на август 2015 година, ЕУ ќе го фасилитира широкиот партиски дијалог (отворен за сите главни политички партии застапени во парламентот) за постигнување на согласност за сите потребни структурни реформи. Овој договор, меѓу другото, ќе ги вклучува и реформите кои треба да бидат спроведени во поглавјата 23 и 24, организирањето и независноста во работењето на релевантните државни органи, поголема медиумска слобода и целосно усогласување со мислењата и препораките на Венецијанската комисија.
  • Партиите се согласни да ги имплементираат сите препораки од Европската комисија во однос на системските прашања во однос на владеењето на правото. Имплементацијата на овие реформи ќе биде надгледувана и следена во рамките на инклузивен Пристапен дијалог на високо ниво кој ќе ги вклучува главните политички партии и граѓанското општество, а пред објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот во октомври 2015 година.
  • Најдоцна до 31 јули 2015, ќе биде разгледан и изменет составот на Државната изборна комисија. Најдоцна до 30 септември 2015 година Државната изборна комисија ќе добие засилени овластувања со кои ќе обезбеди слободни и фер избори и еднакви услови за настап на изборите за сите партии. Ова, особено, ќе вклучува засилени надзорни овластувања. Сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР ќе бидат имплементирани, вклучувајќи ја тука и ревизијата на избирачкиот список согласно нова методологија која ќе биде договорена. Пред почетокот на следните избори, владата ќе побара засилен продолжен надзор, но и краткотрајна набљудувачка мисија од ОБСЕ/ОДИХР.
  • Политичките партии се обврзуваат да покажат добра воља и да го имплементираат овој договор во целост. Партиите, исто така, се обврзуваат дека нема да преземат никакви чекори кои ќе ја попречат имплементацијата, особено во врска со спроведувањето на изборите од 24 април 2016 година.

Овој договор е отворен за потпишување од сите други заинтересирани политички партии.

(Потпишани: Мендух Тачи, Никола Груевски, Али Ахмети, Зоран Заев.)

przhino_potpisi

 


 

Оригиналните документи на англиски јазик можете да ги најдете преку напис на ЕУ комесарот Хан, објавен по потпишувањето на договорот, односно преку следните линкови, објавени од Европската комисија:

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР се дел од следниот документ:

Të gjitha komentet dhe vërejtjet në lidhje me këtë dhe artikujt e tjerë të Vërtetmatës-it, kërkesat për korrigjime dhe sqarime, si dhe sugjerimet për verifikimin e deklaratave të politikanëve dhe premtimeve të partive politike, mund t’i dorëzoni përmes këtij formulari

Your email address will not be published.